National Geographic обележа дваесет најубави места во Русија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Tелевизиската станица постави жолти рамки (асоцијација на логото на организацијата) на дваесетте најпопуларни дестинации во Русија.

На тој начин National Geographic сака да им го сврти вниманието на патниците врз прекрасните и необични места во Русија. Според претставникот на организацијата, инсталацијата ги инспирира луѓето да патуваат повеќе и да ја ценат убавината на опкружувањето.

Како што се соопштува, рамките се поставени во Мамисонската клисура во Северна Осетија, на планините Бермамит и Муса Ачитара (Карачаево-Черкесија), во мермерниот кањон Рускеала и музејот-резерват Кижи (Карелија), во Териберка (полуостровот Кола), напуштеното село Гамсутл, караулите на селото Гоор и на видиковецот во близина на селото Харачи (Дагестан), во арт-паркот Никола Лениевец (Калушка област) и во музејот-резерват Дивногорје (Воронешка област).

Обележани се и дестинации на Камчатка, Бајкал, на Краснаја полјана, во Санкт Петербург, Казањ, Виборг и во Москва.