Луѓето во Советскиот Сојуз немаа голем избор на новогодишни подароци. Било што од домашна изработка, вклучувајќи кисели краставички, обично беше најдобрата опција. Како и некои советски слатки.
Public domain
Меѓутоа, понекогаш единствениот начин да му го честитате празникот некому беше да му испратите разгледница. Советската пошта функционираше беспрекорно и нудеше огромен избор на честитки за сечиј вкус.
Public domain
Повеќето од нив имаат цртежи на животни, Дедо Мраз и прекрасни сцени на шума покриена со снег.
Public domain
Секој што е роден во СССР сигурно ги видел овие честитки со цртежи на Владимир Зарубин. Неговиот стил е препознатлив, а сликите на зајаци, верверички, мечиња на лизгалки и насмеан Снешко едноставно се пријатни за око.
Public domain
Русите обично велат дека тоа се нежни слики кои го одразуваат стариот добар новогодишен дух пред бучната и блескава комерцијализација на овој празник.
Public domain
Тајната на примамливата нежност на овие цртежи веројатно лежи во тоа што Владимир Зарубин учествуваше во создавањето на голем број советски анимирани филмови.
Public domain
Повеќе од 30 години работеше во главното советско студио за анимирани филмови и беше меѓу уметниците кои ги илустрираа некои од најпознатите советски цртани (Волкот и зајакот, Си беше еднаш едно куче, Авантурите на Могли и други) .
Public domain
Секое советско дете ги знаеше и сакаше ликовите од овие цртани филмови. А тие се појавуваа и на честитки.
Public domain
Повеќето честитки ги прикажуваат слатките како најубави подароци и шумски животни кои се радуваат кога ќе ги добијат.
Public domain
„Сите овие слики и ликови изгледаат како да блескаат, радосно и енергично“, ги коментираат старите разгледници корисниците на интернетот родени во СССР.
Public domain
Многумина сѐ уште ги чуваат дома овие стари честитки дома и со носталгија ги читаат новогодишните желби напишани на нив со раката на најмилите.
Public domain
Овие разгледници всушност покажуваат дека Новата година за советските луѓе беше весел зимски одмор кога сите беа среќни, децата добиваа подароци (и уживаа во празниците). Сите се смеат, се занимаваат со зимски спортови и други игри на снег.
Public domain
Оваа естетика се стекна со голема популарност. Меѓу другото, и затоа што луѓето беа уморни од пропагандните плакати со пионери и храбри револуционери.
Public domain
Ежови на скии, деца на санки и Снешко што ја украсува новогодишната елка станаа задолжителен дел од советската Нова година.
Public domain
Водачите на СССР ја гледаа Новата година како политичка шанса: требаше овој празник да направи луѓето да заборават на Божиќ. Меѓутоа, благодарение на одличните филмови, анимациите и постерите, тој стана омилен празник без политика. Семеен празник кој носи радост, мирис на елка и мандарини.
Public domain