Морски видри окупираа брод на Курилите барајќи спас од невремето (ВИДЕО)

Matthias Graben / imageBROKER.com / Global Look
За време на бура на Курилските острови морски видри пронајдоа засолниште на стар брод закотвен во пристаништето.

Во пристаништето Северо-Куриљск морски видри запоседнаа стар брод и на него сочекаа да помине невремето. Видеото го сними очевидец, а го објави порталот astv.ru.

Видео: Сергеј Лакомов

На снимката се гледа како десетина вакви животни седат на палубата на ‘рѓосаниот брод кој се ниша на брановите.

„На море веќе неколку дена беснее бура. Морските видри „окупираа“ стар брод што е закотвен во пристаништето, и тука се кријат од брановите. Интересна глетка“, вели авторот на видоснимката.

Според него, морските видри наесен и назима често се качуваат на рибарските бродови близу брегот криејќи се од невремето.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња