Седум мирисни ноти на Русија: Зима, ловецот Checkmate и други парфеми

Russia Beyond
Мирисот на брезите, советските цртани и новиот авион-ловец се само некои од парфемските композиции кои потсетуваат на Русија.

Мирисот на ГУМ, Ciel de Gum на Францис Куркџиан

Францускиот парфимер Францис Куркџиан ја посети Москва и беше воодушевен од архитектурата на легендарната стоковна куќа на Црвениот плоштад, а особено од нејзината купола (зградата е проектирана од архитектот и инженер Владимир Шухов). Во 2013 година, по повод 120-годишнината на ГУМ, Куркџиан го пушти во продажба парфемот Ciel de Gum посветен на ова историско место. Според замислата, нотите на килибар потсетуваат на мирисот на скапите бутици, а акордите на цимет и чили пиперчиња на продавницата за намирници „Гастроном бр. 1“, додека аромата на дрво и цвеќе има задача да ве маѓепса со новогодишната атмосфера на овој историски центар.

Каде може да го купите: Randewoo, 32.106 рубли (428 долари) 70 милилитри.

Мирисот на руските брези – „Брезов сок“ на брендот „Ладаника“

„Пролет, првото зелено лисје и сок од бреза“ – со овие зборови креативниот парфимерски проект „Ладаника“ ја опишува аромата на руската парфимерка Елена Маркова, која се појави на пазарот во март 2021 година. Состојките вклучуваат бел мошус, алдехиди, катран и трева, кои ветуваат доза на „животна енергија на рана пролет“ во текот на целата година.

Каде може да го купите:„Ладаника“, 3950 рубли (52,7 долари) 15 милилитри.

Мирисот на советските цртани филмови на брендот „Сојузмултфилм“

Мирисот на мед и карамелизирано кондензирано млеко е ист како „На гости кај Вини Пу“, а мирисот на печени ролнички (полжави) со слатко од малина е секако како кај Карлсон кој живее на покривот. Воденестата и земјена арома со мирисна нота на гранчиња од смрека му припаѓа на „Ежето в магла“ од култниот советски цртан филм на Јури Норштајн, а мирисот на портокали потсетува на „Чебурашка“. Сето тоа се различни видови на колонска вода што „Сојузмултфилм“ ги лансираше по повод 85-годишнината од своето постоење. Овие мириси треба да ве вратат во атмосферата на советското детство и старите добри цртани филмови.

Каде може да го купите: Библиотека на мириси, 1950 рубли (26 долари) 30 милилитри.

Мирисот на сибирската зима, Russian Leather на брендот Memo Paris

Надвор е -48 степени Целзиусови, борова шума покриена со снег, стадо ирваси на зимското сонце и снегулки кои се топат на кожата - тоа се асоцијациите што ги предизвикува аромата на француската куќа Memo Paris од кожната колекција. Основните состојки на тоалетната вода се нане, рузмарин и кедар, а потоа се чувствуваатт огнените ноти на семките на дрвото Dipteryx odorata, пачули и жалфија. Во аромата има и нов акорд, кој парфимерите го нарекоа Frozen Fougère или „леден папрат“ кој го има во шумите на Сибир.

Каде може да го купите: Memo Paris, 300 долари, 75 милилитри

Мирисот на младинската Москве – Гоша Рупчински и Comme Des Garcons

Аромата на популарниот руски дизајнер и јапонската модна куќа се заснова на корен од ангелика и екстракт од билката бучу, а се чувствуваат и ноти на мандарина, камилица, ветивер и пачули. Таа комбинација, според креаторите на аромата, потсетува на мирисот на „младоста и слободата“ во московските паркови, а шишенцето на кое на кирилица е испишано името на Рупчински асоцира на дизајнот на култниот советски парфем „Краснаја Москва“.

Каде може да го купите: DSML E-Shop, 65 британски фунти (73 долари), 100 милилитри.

Мирисот на чајот – Russian Tea на брендот Masque

Летна вечер, логорски оган, мирис на дива трева, малини и врел црн чај од термос... При создавањето на овој мирис, италијанските парфимери беа инспирирани од походите низ руските шуми и дружењето околу логорскиот оган под ведро небо. Основата на композицијата ја сочинуваат малина, бибер, нане, црн чај и магнолија, како и бреза, кожа и темјан.

Каде може да го купите: Amazon, 153 долари, 35 милилитри.

Мирисот на рускиот авион-ловец Checkmate

Стакло, метал, мотори и пилотска кабина се основата на парфемот со мирис на ловецот од 5-та генерација Checkmate, кој го изработија државната корпорација „Ростех“ и Здружението на парфимери на Русија.

Парфемот беше промовиран на меѓународната премиера на прототипот на овој авион на саемот за воздухопловство Dubai Airshow 2021. Содржи ноти на легура на метал, стакло и кожа со кои се преслечени делови од кабината на ловецот, сето тоа во комбинација со ноти на смрека, пачули и дабов мов.

За жал, тиражот на парфемот засега е ограничен, така што овој производ не е забележан во слободна продажба.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња