Во Москва се појави нов парфем „Број еден“ со ликот на Путин

Во Москва се појавија во продажба машки и женски парфеми за кои инспирација беше лично претседателот на Русија Владимир Путин. Од Кремљ, меѓутоа, изјавија дека не дале дозвола името на Владимир Путин да се користи за комерцијални цели.

Во еден од московските трговски центри се отвори продавница на руската компанија „Лидерс“ (Leaders), во која се продаваат машки парфеми „Број еден“ (Number one) и верзија за жени „Русинка“ (Russian woman). На шишенцата на парфемите е препознатливиот профил на претседателот на Русија и рускиот грб.

Официјалното лице на наведената компанија вели дека се работи за лимитирана серија на парфем за кој постои интерес и кој добро се продава.

За околу 250 евра (19000 рубли) може да се купи пакување од 100 мл во дрвена кутија, додека обичното шишенце парфем чини 130 евра (10000 рубли).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња