ВИДЕО: „Ростех“ претстави парфем со мирис на... авион-ловец

Алексеј Мајшев/Sputnik
За меѓународната премиера на рускиот лесен ловец Checkmate „Ростех“ лансираше истоимен парфем под слоганот „Мирис на петтата генерација“, а објави и промотивно видео.

На дното на цилиндричното шишенце има прорези кои ги имитираат лопатките на турбините на млазниот мотор. А на капачето на шишето има глава на шаховски коњ. Внатре, кутијата на новиот мирис е изработена како шаховска табла, што потсетува на слоганот Turn the Chessboard (сврти ја шаховската табла – заб. на прев.), под кој авионот се рекламира на меѓународниот пазар, пишува „Росијскаја газета“.

Судејќи според коментарите на видеото, има многу луѓе кои сакаат да го купат парфемот. Шегаџиите се интересираат дали новиот мирис содржи ноти од потта на креаторите на авионот-ловец. Колку земји би сакале да го купат самиот авион ќе стане познато по меѓународниот саем на воздухопловството Dubai Airshow, кој беше отворен на 14 ноември.

Лесниот тактички ловец Су-75 Checkmate за прв пат беше покажан на MAКС-2021. Кај авионот се користени технологии од Су-57, а неговата архитектура е отворена и може да се прилагоди на потребите на конкретни клиенти. Новиот ловец е наменет за меѓународниот пазар - тоа се објаснува со фактот што сите промотивни видеа се синхронизирани на англиски јазик.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња