Ѕидините на Кремљ останаа без еден забец под налетот на урагански ветар (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет е објавено видео од падот на скеле од ѕидините на Кремљ под силните налети на ветрот.

Урагански ветар собори скеле од бедемите на Московскиот кремљ. Видео од овој инцидент објави тв-каналот „360“.

На снимката се гледа како конструкцијата паѓа и се распаѓа.

Претходно московското одделение на Министерството за вонредни состојби предупреди дека до петок навечер налетите на ветрот ќе достигнуваат брзина од 20 метри во секунда. Заменик-градоначалникот Петар Бирјуков соопшти дека поради силниот ветар градските служби се префрлаат во режим на готовност.