Минатата година, кога Владимир Путин го прослави својот 68 роденден, тој рече дека неговите внуци го израдувале со цртежи, рачно изработени подароци и обични честитки. Претседателот истакна дека на неговиот роденден прво добива честитки од блиските: неговите деца, внуците и пријателите. Според него, дури и да не се со него тој ден, тие задолжително ќе му се јават и ќе најдат начин да му честитаат, пишува „Лента“.
Познато е дека во 2019 година Путин го прослави својот роденден со блиски и пријатели, а во 2018 година на неговиот јубилеј дојде поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони. За 65 роденден на Путин тој му подари ќебе со нивните фотографии врз позадина на знаменитостите во Италија и Русија.
Во 2017 година, во многу европски градови, вклучувајќи ги Париз, Барселона и Берлин, се појавија графити со ликот на рускиот лидер, а Русите му честитаа на претседателот преку социјалните мрежи. Корисниците објавуваа на своите профили свои дела, посветени на Путин, и праќаа честитки.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче