Руски рибар улови џиновски атлантски лосос и постави светски рекорд

igfa.org
Рибар од Русија улови атлантски лосос долг 100 см и го собори светскиот рекорд.

Рускиот рибар Константин Шчербович улови атлантски лосос од 100 сантиметри и постави светски рекорд, соопштува Меѓународната асоцијација за спортски риболов (IGFA).

Во септември организацијата официјално потврди дека рибарот од Русија е светски рекордер. На 11 јули Шчербович го фатил огромниот лосос во водите на реката Јоканга, која тече низ полуостровот Кола во  Мурманската област.

Младиот рибар се борел со уловот 20 минути. Потоа се фотографирал со лососот, го измерил и го пуштил назад во реката, пишува „Лента“.

Според IGFA, ова е шести меѓународен рекорд на Шчербович. На списокот има уште рекордни буцови и обичен смуѓ на Волга, како и две риби помпано на Сејшелските острови.

Атлантскиот (или езерски) лосос живее во северниот дел на Атлантскиот океан и оди на мрестење во реките од Португалија и Шпанија до Баренцовото море. Во Русија езерскиот лосос живее во езерата на полуостровот Кола и во Карелија, додека во Европа го има во Норвешка, Шведска и Финска.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња