На Дворскиот плоштад во Санкт Петербург полицијата задржа еден маж и три девојки кои беа впрегнати во кочија наместо коњи заради снимање на спот. Снимката е објавена на телеграм-каналот „78 новости“.
На снимката се гледа како кочијата ја влечат три девојки на штикли. Во кочијата седи младич кој ги снима девојките.
Според информациите на каналот, организатор на овој скандалозен перформанс е раперот Iammind. Тој изјави дека овој спот има длабока смисла: тоа е метафора за дигиталното ропство во кое денес запаѓа голем број девојки.