Видеото и детали за настанот се објавени на телеграм-каналот Mash Batash.
Гостите на ресторанот во одморалиштето покрај езерото Јакти-Кул беа во шок кога ненадејно се појави мечка. На снимката се гледа како животното му приоѓа на објектот, се крева на задните шепи и преку прозорецот гледа внатре. Очевидецот што го снимаше настанот моли да се затвори вратата.
Мечката најверојатно огладнела и тргнала да бара храна кај луѓето. Повикани се надлежните во Министерството за вонредни состојби чии вработени се погрижија дивото животно да се врати назад в шума.
Во Сочи, во камп кај езерото Зеркално во близина на планината Ачишхо мечка нападна туристи и им скина четири шатори. Штетата што ја направи мечката, меѓу другото и изгризана мала укулеле гитара, беше документирана на видеоснимка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче