Странските корисници на „Јутјуб“ беа импресионирани од видео од Русија во кое мечка јаде со човек на иста маса.
Видеото, насловено „Мечка ужива во мезе со својот најдобар пријател - човекот“, е снимено кон крајот на јули во Саратов. На снимката се гледа како човекот го храни ѕверот со рака, а на масата има овошје, колбаси и друго мезе.
„Секој пат по активна игра и пријатна прошетка, мечката Балу јаде и ја гледа својата омилена анимација“, се вели во описот, пренесува РИА „Новости“.
Во коментарите корисниците признаваат дека им се допаѓа руската публикација, пишува „Взгљад“.
„Ги гледаат „Маша и мечокот“! Забавно“, вели Sarah Walton.
„Сакам слатки мечки“, признава Anthony Man.
„Изгледа прекрасно“, заклучува rhys weertman.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче