Кафена мечка немилосрдно брка човек во руски град додека не падне под автобус (ВИДЕО)

Корисниците на интернетот од Нижневартовск во Ханти-Мансикскиот автономен округ во Русија објавија видеоснимка на кое се гледа како кафеава мечка неуморно брка еден човек по тротоарот. Овој во последен момент истрчува на коловозот.

Возач на автобус гледа како мечка брка човек и налета со возилото на неа. На тој начин тој успева да ја запре мечката. Животното станува и оди на другата страна. Мечката е фатена на територијата на индустриско претпријатие. Според пишувањето на медиумите, никој од минувачите не е повреден.

Мечката престојувала на територијата на еден локален хотел. Сопственикот имал две мечки, мајка и ќерка (од кои едната избегала од кафезот на улица) со цел да привлече гости во својот хотел, изјавија за новинската агенција РИА „Новости“ од регионалната управа на МВР на РФ.

„Сопственикот има валидни документи, ги чува мечките во согласност со законот и тие биле навремено вакцинирани. Ги набавил од циркус. Како што објасни, неговата цел била да привлече клиенти во хотелот, а мечките биле атракција за фотографирање и деца“, велат од полицијата.

Пред да почне да го брка човекот на снимката и да падне под тркалата на автобусот, уплашената мечка долго време ја бркале кучиња, а доказ за тоа се и снимките на очевидците.

Градоначалникот Василиј Тихонов на својата страница на „Инстаграм“ напиша дека за мечката ќе биде најдено соодветно место за престој, меѓутоа прво ветеринарите ќе проверат колку настрадала во судирот со автобусот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња