„Ниедна мува нема да помине покрај Путин кога е Трутнев тука“ (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Путиновиот ополномоштен претставник фати мува во лет што леташе околу рускиот претседател.

Снимката направена при посетата на рускиот претседател на Далечниот Исток е објавена на интернет.

Ополномоштениот претставник на рускиот претседател во Далекуисточниот федерален округ Јуриј Трутнев уби мува што леташе околу главата на Владимир Путин. Снимката е направена за време на работната посета на претседателот на Далечниот Исток.

„Ниедна мува нема да помине покрај Путин кога е Трутнев тука“, се наведува со снимката објавена на „Твитер“.  

На 1 септември Путин пристигна на Далечниот Исток заради учество на Далекуисточниот економски форум. Од 2 до 4 септември на островот Руски тој имаше низа состаноци. Меѓу другото, се сретна и со руски ученици. Веднаш по завршувањето на форумот шефот на руската држава отиде во Амурската област на космодромот „Восточни“.