Според мислењето на експертите, денес населението на Русија ќе можеше да брои 500 милиони луѓе. Меѓутоа, тоа не се случи бидејќи во 20 век двапати дојде до распад на земјата, еднаш во 1917 година и вториот пат во 1991 година. Ова го рече претседателот на РФ Владимир Путин на средба со ученици во Владивосток.
„Во текот на минатиот век, руската државност пропадна во два наврати... Тоа треба внимателно да се анализира и да се види што послужи како активирач во тие настани. Да не се случеа, ќе имавме поинаква земја. Некои експерти сметаат дека сега би имале близу 500 милиони жители“, рече рускиот претседател.
За време на состанокот Путин, исто така, рече и дека мисијата на САД во Авганистан, која траеше 20 години, остави зад себе само трагедии.