За смртта на својот дедо рускиот министер за одбрана зборуваше во емисијата на јутјуб-каналот „Соловьев.Live“, пренесува РИА „Новости“.
„Тој тргна со стап да ги брка крадците. Таму се наоѓаше фабриката за шеќер. Викаше: „Тоа не е ваше, што правите?“ Луѓето тогаш го грабаа шеќерот. Нашите си отидоа, а Германците уште не дојдоа, и таму го удри инфаркт“, изјави Шојгу.
Министерот додаде дека неговата мајка е родум од Орловската област, но по укинувањето на кметството морала да премине во Луганската област, каде што ѝ живееле роднините.