Руски балерини на тенкови одиграа извадок од „Лебедово езеро“ (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
На вториот ден од тенковскиот биатлон во Алабино Белорусите ја воодушевија публиката со наизглед неспоива комбинација. Од тенковите се појавија балерини.

Снимка од нивниот танц вчера, 23 август, беше објавена на интернет, а медиумите ѝ обрнаа внимание денеска. Најпрвин на полигонот во Алабино синхронизирано се движат тенк и борбено десантно возило. Потоа излегуваат два белоруски тенка од чии отвори се појавуваат два пара танчери. Момците се облечени во комбинезони на тенкисти, а девојките во балетски фустани и шпиц-патики.

Солистите на Царскиот руски балет изведоа исечок од „Лебедово езероˮ. На крајот танчерите од тенковите извлекуваат букети цвеќе, по што балерините се повлекуваат во тенковите.

Тенковскиот биатлон почна во Алабино пред два дена, кога беше отворен и военотехничкиот форум „Армија 2021ˮ.