Паметни камери во московското метро пронаоѓаат исчезнати лица, криминалци и безделници

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На 85 станици во московското метро ќе бидат поставени специјални камери што препознаваат луѓето по кои се трага, регистрираат брзо движење или безделничење. Системот нема да обрнува внимание на обичните патници.

Само во јуни системот за препознавање на лица во московското метро откри повеќе од 20 опасни криминалци, а денес Одделот за транспорт на главниот град соопшти дека со помош на овој систем во метрото е уапсено и лице обвинето за убиство.

„Системот за препознавање лица во метрото „Сфера“ помага во потрагата по криминалци и исчезнати лица. Во јули со негова помош беа пронајдени 221 лице. Повеќето од нив, луѓе за кои е распишана потерница, беа откриени од паметните камери во метрото. На пример, на 25 јули лице обвинето за убиство беше уапсено на станицата „Братиславска“, соопшти Одделот за транспорт на својот канал на „Телеграм“, пренесуваат медиумите.

„Сфера“ исто така помогна за еден месец да се најдат 35 лица, од кои 12 деца.