На Црвениот плоштад во Москва одржан концерт во чест на руските олимпијци од „Токио 2020“ (ВИДЕО)

Во срцето на главниот град на Русија пречекани медалистите од Летните олимписки игри во Токио.

На плоштадот „Васиљевски спуск“ пред олимпијците излегоа народниот уметник на Русија - пијанистот Денис Мацуев, како и музичари под раководство на народниот уметник на СССР, диригентот Јуриј Башмет. Тие изведоа неколку композиции, вклучително и музиката на Петар Илич Чајковски, која беше отсвирена за време на доделувањето на наградите на руските спортисти на Олимписките игри во Токио 2020 година. На крајот од настапот во чест на наградените спортисти од Русија, на кои им беше одземено правото да се натпреваруваат под руско знаме, беше изведена и химната на Руската Федерација, пишува championat.com.

Селекцијата на САД освои најмногу на Олимпијадата: 39 златни, 41 сребрен и 33 бронзен медал. Кина е на второто место (38-32-18), а Јапонија на третото место (27-14-17). Русија го зазеде петтото место со 20 златни, 28 сребрени и 23 бронзени медали (вкупно 71 медал).

Следните Летни олимписки игри ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година во Париз (Франција).

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња