Во моментот додека е пишуван овој материјал во активот на репрезентацијата на Русија (која официјално наводно ја нема) има 12 златни, 20 сребрени и 14 бронзени медали. Таа уверено го зазема петтото место на пиедесталот на награди и со сите сили сака да истакне дека тоа не е крајната граница.
Тоа, меѓу другото, го покажаа и прекрасните руски тенисери, со оглед на тоа што во Токио се одржа руско финале во мешани парови во тенис. Анастасија Пављученков и Андреј Рубљов ги Победија Елена Весенина и Аслан Карацев. Русија за првпат освои злато во тенис на Олимпијада во мешана категорија.
Првите медали во касата на руската репрезентација ги донесоа жените-стрелци Виталина Бацарашкина и Анастасија Галашина. Пливачите Евгениј Рилов и Климент Колесников освоија злато на сто метри грбно. Евгениј победи и стана прв руски шампион во пливање по Олимпијадата во 1996 година. Понатаму, 24-годишниот спортист освои уште две награди – сребро во штафета 4х200 слободен стил и второто лично злато (сила немаше за медал само во комбинирана штафета 4-100 метри). Рилов е уникатен апсолутен шампион на Игрите во грбно пливање од Русија, кој корисниците на Интернет го запаметија и по тоа што организаторите на Игрите од неразбирливи причини му забранија да излезе на наградувањето со маска со мачка.
Понатаму прекрасните Софија Поздњакова и Софија Великаја го освоија златото во турнирот на мечувалките. Брилијантна победа на првенството однесоа руските рапиристки. На патот кон златото Ина Дериглазова и Лариса Коробејникова ја победија својата ривалка од личниот турнир Американката Ли Кифер.
Хероина во финалето со Французинките стана 22-годишната резерва Марта Мартјанова. Таа продолжи да мечува и да победува по сериозната повреда на ногата (право на замена немаше, а на екипата ѝ се закануваше дисквалификација). По наградувањето спортистката си замина од салата во количка и со солзи. Својата победа Русинките ја одбележаа со цитат на Омар Хајам: „Оној што го разбрал животот, тој не брза“.
Машката репрезентација на Русија во спортска гимнастика освои злато на Олимпијадата во екипното првенство за првпат по 1996 година, а женската за првпат во современата историја од 1992 година. Никита Нагорни, Артур Далалојан, Денис Абљазин и Давид Бељавски ја победија репрезентацијата на Кина со последната вежба и не ги криеја емоциите – со солзи до победничкиот крик.
Се закитија и девојките. Ангелина Мељникова, Владислава Уразова, Лилија Ахаимова, Викторија Листунова имаа сензационална победа и ги надиграа САД по откажувањето на Симона Бајлз од продолжувањето на натпреварувањето.
Максим Храмцов стана првиот олимписки шампион од Русија во таквондо. Андреј Рубљов и Анастасија Пављученкова ги победија Елена Веснина и Аслан Карацев во првото во иторијата руско финале на Олимпијадата. Кајакарката Ана Пракатењ го освои среброто и ова е првиот личен медал на кајакарите-поединци на Олимпијадата по онаа во Москва во 1980 година.
И ова, како што може да се види од таблото на турнирите, е најсветлиот и сензационалниот дел од достигнувањето на руската репрезентација на Олимпијадата. Репрезентацијата која „не постои“. Која не можеше да настапи под своето знаме и со својата химна поради скандалот со допинг. (Да потсетиме, сега наградувањето на руските добитници на медали се одвива со музиката на Концертот на Чајковски). Репрезентацијата, која и сега се наоѓа под постојано внимание и под притисок. Но, ова е репрезентација која, како и секогаш, со срце ја поддржуваат своите навивачи. И таа победува – на турнирите, па дури и на информациското поле.
Оваа Олимпијада се одвива без гледачи, па затоа тие се обидуваат максимално да ги искористат виртуелните можности што им се достапни за да ја изразат својата благодарност и љубов, Така, на социјалните медиуми започна флешмоб со хаштагот #WeWillRocYou како поддршка на руските олимпијци, а ROC е англојазична абревијатура за делегацијата од Русија. Флешмобот го поддржаа и познати Руси: спортисти, новинари, ѕвезди од шоу-бизнисот, и, секако, илјадници граѓани кои ги следат новостите од Јапонија.
Прочитајте исто така: Зошто не Русија, ами РОК учествува на Олимписките игри во Токио 2020 година?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче