„Во Анапа, дрон за првпат спаси давеник. Инцидентот се случи (...) на територијата на централната плажа на одморалиштето. Еден млад човек, преценувајќи си ја силата, отплива далеку и почна да тоне. Давеникот навреме беше забележан од специјалниот систем за мониторинг, кој му испратил дрон со елек за спасување. Во исто време беа повикани итните служби“, стои во соопштението на градската администрација.
Дронот брзо се приближи и го испушти елекот за спасување, на кој човекот успеа да се задржи до доаѓањето на чамецот со спасувачите. На брегот му беше дадена неопходната помош - му беше измерен крвниот притисок и му беше запрено крварењето од носот. Во моментов нема опасност по неговиот живот и здравје.
Во Анапа оваа сезона се тестира систем за испорака на појаси за спасување со дронови. Системот е развиен заедно со воениот технополис „Ера“ и Руската академија на науките. Во моментов, на централната плажа работат три специјално опремени кули „Анаспас“, а нивниот број ќе се зголеми во иднина.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче