На фудбалерите на руски „Рубин“ им се одлепија бројките и имињата, а тие - фломастерите в рака и...

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во 15-тата минута од натпреварот во Купот на Конфедерациите помеѓу полскиот „Ракува“ и рускиот „Рубин“, фудбалерот Хвича Кварацхелија очекувано се најде во центарот на вниманието. Само што овој пат не се истакна со својата умешност, туку со својот дрес ...

Во текот на полувремето од 11 букви во неговото презиме останаа само четири, а „Рубин“ се снајде и напиша одличен твит: „Не играј за презимето на грбот, туку за амблемот на градите!“

Истиот проблем се појави и кај другите играчи на тимот од Казањ. Тие се обидоа на креативен начин да ја поправат ситуацијата и самите ги напишаа бројките со фломастери. Притоа „Рубин“ продолжи да истура генијални шеги на „Твитер“.

„Во првото полувреме малку одлепивме, пауза!“ - напиша авторот на текстуалниот пренос на официјалниот профил на клубот, а 15 минути подоцна додаде: „Започнува второто полувреме! Се надеваме дека нешто ќе се оцрта во нападот!“

Само судијата на натпреварот, за жал, не го ценеше доволно хуморот ниту креативноста на играчите и ги натера проблемот да го решат професионално. Тогаш се употреби изолир-лента, а некои играчи добија и нови дресови.

Клубот коментираше дека истражува што ја предизвикало оваа појава, најверојатно се работи за техничка грешка при нанесувањето на буквите и бројките на дресовите.