Жител на рускиот Далечен Исток улови егзотична риба (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Тропската риба лампуга или махи махи риба уловена во Приморскиот ркај на рускиот Далечен Исток веројатно стигнала во регионот со топлата струја.

Одделни примероци се сретнуваа и претходно, но толку масовно порано никогаш не се појавувала, изјавија за новинската агенција РИА „Новости“ од Тихоокеанската филијала на Серускиот истражувачки институт за рибарство и океанографија.

„Иако уловениот примерок е со средни димензии, овие риби се мошне крупни и апсолутно можат да се јадат“, додаде стручњак. 

На интернет се појави снимка на која среќниот рибар ја споделува радоста поради, за Приморјето, егзотичниот улов покажувајќи тропска риба со светлозелена боја со крлушки со сребреникав отсјај. Авторот на видеоснимката тврди дека фатил тропска риба која народот ја вика махи махи риба.

Видеото привлече внимание на социјалните мрежи во регионот. Информацијата се прошири, па многумина поитаа да уловат ваква риба, но повеќе никој не се пофали.