Владимир Путин свечено го пушти железничкиот сообраќај низ вториот Бајкалски тунел.
„Дозволувам“, рече претседателот при пуштањето на сообраќајот преку видео-линк.
Во церемонијата на отворањето учествуваа градителите на тунелот, стручњаци за експлоатација, раководители на „Руски железници“ и „УСК МОСТ“.
kremlin.ru
Вториот Бајкалски тунел поминува низ Бајкалските планини и поврзува два региона на Русија: западниот влез во тунелот се наоѓа во Иркутската област, а источниот во Република Бурјатија. Тунелот е пробиен на длабочина од 300 метри.
Изградбата на овој објект почна 2014 година со цел модернизација и развој на Бајкалско-Амурската и Транссибирската магистрала. Стариот Бајкалски тунел е едно од најтесните места на Бајкалско-Амурската магистрала. Сега сообраќајот ќе се одвива на две паралелни пруги.