ВИДЕО: Торнадо од комарци напаѓа камчатски села

Во селото Уст Камчатск на источниот брег на полуостровот има вистинска инвазија на комарци. Читател на „Камчатка-Информ“ испрати видео од кое се гледа како торнадо од инсекти ја покрива населбата.

Според авторот на видеото Алексеј Пономарев, тој возел неколку стотици метри со автомобилот, покриен од облак, бидејќи тешко се разликувал патот. „Не можам да кажам колкава беше висината на столбот, се чинеше како да е до облаците. Имаше многу од нив во и околу селото“, рече тој.

Ваквите наезди од комарци се годишна појава за Камчатка, иако авторот на видеото забележува дека му се чини дека инсектите оваа година ги има повеќе од вообичаено. Ентомологот од Кроноцкиот државен резерват Људмила Лобкова објаснува за новинарите: „Нема ништо страшно, тоа се машки комарци кои не касаат топлокрвни, туку кружат околу една или неколку женки за да се парат“. Колку ќе трае тоа зависи од временските услови, пишува TJournal.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња