Растителни вошки (Aphididae). Сликата е симболична.
imagebroker.net/Global Look PressДенеска улиците на Краснојарск беа преплавени од роеви ситни зелени инсекти. Жителите објавуваат на интернет видеоснимки на кои се гледаат „облаци“ од зелени бубачки. Најмногу инсекти беа забележани во центарот на градот, како и во населбите Покровско и Северно и Зелена Рошча, а исто така и во близина на трговскиот центар КрасТЕЦ.
Според стручњаците, тоа можат да бидат крилести растителни вошки кои мигрираат сега. Поради енормно високите температури во септември дојде до нивно масовно размножување.
Во прашање е крајно ретка појава. За масовното размножување придонесоа топлата рана пролет и влажното лето, пишува порталот Дела.ru.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче