Во Русија првпат ќе се појават дувла за набљудување мечки во зимски сон

Dpa/Global Look Press
Новосибирската зоолошка градина ќе биде првата во Русија која ќе направи 15 мечкини дувла во кои посетителите ќе можат да ги видат мечките додека спијат во зимска доба. Ова го објави ТАСС, повикувајќи се на изјава на директорот на зоолошката градина Андреј Шило.

„Toa ќе биде прв пат во Русија за вакво нешто. Така што ќе можеме да го процениме менталитетот на луѓето. Ако луѓето не ја разбудат мечката во зима, тоа ќе функционира. Ако нешто не биде како што треба, дувлата ќе ги користиме за научни цели за соработниците на зоолошката градина“, истакна тој.

Според Шило, реконструкцијата и изградбата на нови оградени простори за животни ќе биде завршена во октомври-ноември. Малајските мечки, кои требаше да пристигнат во градот во 2021 година, нема да се појават пред 2022 година.

Планирано е да се создаде посебна зона и посебни услови за живот за секоја мечка. Така, на пример, кафеавите мечки ќе имаат сопствена парцела со вода и риба, што значи дека ќе им се обезбеди околина најслична на природното живеалиште.

Во Новосибирската зоолошка градина, една од најголемите во Русија, во природни услови живеат над 780 видови животни. Од нив, над 120 видови спаѓаат во загрозените.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња