Тони скапана руска зомби-риба ги затруле водите на Норвешка?!

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Норвешките медиуми повторно посветија големо внимание на невидената инвазија на руската горбуша (риба од семејството лососи). Сега норвешката Управа за заштита на животната средина, климатски прашања и загадувањето зборува за голема еколошка опасност. Се наведува дека рибата по мрестењето се распаѓа жива. И сега во водите на Норвешка пловат тони гнила риба, загадувајќи сè околу себе. Норвешка воведува вонредни мерки.

Како што објави изданието VG, порано ја немало горбушата во норвешките реки. Во педесеттите години од минатиот век Русија ја уфрлила оваа риба во водите кај полуостровот Кола, со цел подоцна да организира индустриски риболов. Оттогаш популацијата значително се зголемила и рибата се проширила и во Норвешка.

„Веќе пишувавме за инвазијата на горбуша во 2017 и 2019 година. Она што беше актуелно во тоа време не може да се спореди со сегашната наезда“, изјави Видар Исаксен, истакнувајќи дека има толку многу риба што веќе е премногу и за храна за кучиња.

Горбушата веќе им се дели бесплатно на секој што сака да ја земе, па дури се користи и како мамка при лов на ракови.

„Илјадници горбуши кои сега испливуваат по реката, по мрестењето, умираат и почнуваат да гнијат. Само замислете како изгледа кога тони скапана риба пливаат по реката, загадувајќи ја водата“, додаде Исаксен, нагласувајќи дека Норвежаните веќе започнале да ја нарекуваат оваа риба „зомбуша“, споредувајќи ја со зомби.

Донесен е план за борба против горбушата што сега се реализира. Луѓето се враќаат од одмор, но не можат да се справат со напаста. Засега се применува вонредната мерка: фрлање на лососот в море.