Задоволни странци во капи со рокчиња и маички во боја на белгиското знаме го напуштаат аеродромот „Пулково“ - така почна денот на првиот натпревар меѓу Русија и Белгија во рамките на првенството ЕУРО 2020.
Станислав Красиљников / TASS
Русија отвори безвизен режим за носителите на навивачкиот пасош FAN-ID за да можат странските навивачи да ги посетат натпреварите на саканите тимови. По пристигнувањето, навивачите го заменуваа електронскиот документ со физичка картичка во специјален центар во Санкт Петербург.
Валентин Егоршин
Автобусите и излозите на продавниците и кафе-баровите во градот беа украсени со симболите на ЕУРО 2020. Во една улица беа поставени 24 мачки „навивачки“ во боите на репрезентациите кои учествуваа на шампионатот. Овој уметнички објект го поставија уметниците на креативното здружение „Митки“.
Александар Демјанчук / TASS
Специјално за навивачите во Москва и Санкт Петербург беа уредени неколку фан-зони каде навивачите можеа да ги следат преносите на натпреварите, а покрај тоа во посебни фото-зони да направат и фотографии за спомен, да учествуваат во улични перформанси или да играат мини-фудбал.
Александар Гаљперин / TASS
Едно од најпопуларните места за фотографирање во петербуршката фан-зона на плоштадот „Коњушенаја“ беше уметничката инсталација на познатиот руски уметник, калиграфот Покрас Лампас. Арт-објектот се состои од 432 топки во кои се шифрирани зборови како што се пријателство, еднаквост, здравје, мир, победа и чест. По затворањето на инсталацијата, нејзината дигитализирана верзија ќе биде достапна во вид на NFT токен. Токенот ќе го добие стрелецот на најдобриот гол на првенството, а холограмот на наградата ќе биде изложен во седиштето на УЕФА.
Петар Коваљов / TASS
Руски и странски навивачи вечерта на 12 јуни ги наполнија навивачките зони и спортските барови.
Петар Коваљов / TASS
Белгијците се радуваа на секој постигнат гол, додека руските навивачи беа разочарани.
Владимир Гердо / TASS
Русија загуби од Белгија со резултат 3:0.
Станислав Красиљников / TASS
Голем број навивачи се собраа во Санкт Петербург на 14 јуни да го гледаат натпреварот Полска - Словачка (1: 2). На стадионот „Гаспром-Арена“ имаше над 12000 гледачи.
Александар Демјанчук / TASS
Фан-зоната Евро-2020 на плоштадот „Коњушенаја“ во Петербург беше преполна на 16 јуни, за време на натпреварот помеѓу Русија и Финска. Во неа истовремено се наоѓаа 5000 луѓе.
Петар Коваљов / TASS
Русија ја победи Финска, постигнувајќи еден гол.
Александар Демјанчук / TASS
Еден од најубавите ликови на ЕУРО 2020 беше студентката Марија Шумилина. На натпреварот Финска - Белгија (0:2) таа истрча на теренот во шорцеви и костим за капење на кој беше испишан назив на криптовалута. Таа дотрча речиси до средината на теренот, каде припадници на обезбедувањето ја задржаа и ја одведоа од теренот, по што играта продолжи.
Lars Baron / Getty Images
Во Санкт Петербург беа воведени нови ограничувања во врска со порастот на бројот на заболени од коронавирус. Тие се однесуваа и на навивачите. Конкретно, од 17 јуни во навивачките зони беше забранета продажба на храна, а од 20 јуни забрането во навивачката зона на плоштадот „Коњушенаја“ да има повеќе од 3000 навивачи.
Фан-зоната во Москва исто така беше затворена поради ширењето на коронавирусот. Повторно беше отворена на 26 јуни, но можеа да влезат само оние прележале коронавирус, кои се вакцинирани или имаат негативен тест што важи три дена.
Михаил Џапаридзе / TASS
И покрај ограничувањата, во Санкт Петербург на 2 јули беше отворена уште една навивачка зона на Дворцовиот плоштад. Во центарот на градот беше запрен сообраќајот поради прикажувањето на три натпревари во еден ден (осминафиналето Англија-Германија, четвртфиналето Шведска – Украина и четвртфиналето Шпанија – Швајцарија) на стадионот „Санкт Петербург“.
Mike Kireev/NurPhoto / Getty Images
Виктор Бојко/UEFA / Getty Images
Igor Russak/dpa / Getty Images
Од 12 јуни над 110000 руски и странски навивачи го посетија Санкт Петербург.