Црноморската флота ќе ѝ пружи помош на Јалта поради непогода

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Црноморската флота праќа единици да ѝ пружат помош на Јалта. Во градот се испратени тешка техника и теренски возила, соопшти прес-службата на флотата, пренесува РИА „Новости”.

Во Јалта во петокот ноќта за шест часа падна повеќе од месечниот просек на дожд. „Од полноќ до 6 наутро паднаа 42 милиметри врнежи. На Ај-Петри паднаа 84 милиметри врнежи, што е повеќе од месечната норма (72 милиметри)”, соопшти Хидрометеоролошкиот центар.

Директорката на администрацијата на Јалта Јанина Павленко изјави дека во градот се излеала реката. „Кај мене се поплавени сите премини, Водопадната река се излеа, по Пушкинската улица тече буица. Најстрашно е тоа што почна да се поплавува стопанската зона „Крименерго“, а ако таа се поплави, ќе останеме без светло. Во болниците сé е во ред“, рече Павленко. Таа додаде дека на патот до Алупка има каллива буица и дека дел од подрумите е потопен.

Дождовите во Јалта, Симферопол, Севастопол и Евпаторија продолжуваат. Според прогнозите, врнежите ќе престанат в петок во втората половина од денот.

Претходно претседателот на Крим Сергеј Аксјонов прогласи вонредна состојба во регионот поради обилните врнежи.