1. Големата тераса е за луѓе, а малата за домашни миленици. И на вашата мачка, на крајот на краиштата, ѝ е потребен свој поглед од балконот, нели?
2. Оваа конструкција во Самара е направена и за мачки. Тие сега можат да излезат од терасата на првиот кат право на улица.
3. Меѓутоа, во Москва слични скалила користат и луѓето. Многу згодно ако посакате незабележано да се извлечете од стан!
4. На југот на Русија луѓето особено сакаат да направат од своите тераси нешто незаборавно. Понекогаш тоа проширување е поголемо од самиот стан. Само погледнете ја оваа тераса во Астрахан! Како ли само не паѓа?
5. Престолнината на Дагестан Махачкала е позната по огромните тераси. Можете ли да поверувате дека ова некогаш биле обични советски згради? Сега изгледаат како нешто сосем друго.
6. Недалеку од центарот на Сочи постои цел реон наречен „Фавела“ и е преполн со најразлични тераси. Многу од нив се претворени во хостели.
7. Тераса скриена од погледот
8. Веројатно ви е познато дека Русите сакаат да одат во „бања“ (руска сауна). Погледнете ги овие преправени тераси и сфатете ги размерите на оваа љубов.
9. Скара на тераса
10. Велат дека во Средниот век благородништвото имало тоалети на тераса. Изгледа дека оваа традиција се задржала до наше време.
11. Некои тука поставуваат дури и еколошки тоалет.
12. Во малиот сибирски град Бердск оваа тераса во вид на замок стана локална атракција. Како ли дошол сопственикот до оваа идеја?
13. Кому уште му треба голема тераса?