Аеродромите на црноморскиот брег не можат да ги примат сите заинтересирани туристи

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Аеродромите немаат доволен број слободни термини за прием на авиони.

На аеродромите на црноморското приморје нема доволно слободни слотови (однапред доделени термини за слетување и полетување на авиони). Ова во вторникот го објави весникот „Известија“, повикувајќи се на извори во авиокомпаниите.

„Поради затворањето на границите на популарните странски летувалишта летово има рекорден интерес за летови за Крим“, соопшти за рускиот весник претставник на симферополскиот аеродром.

Според него, мрежата на летови на аеродромот во Симферопол веќе го достигнала максималниот показател од 63 линии. Тој додаде дека авиокомпаниите и понатаму испраќаат барања за отворање нови летови.

Друг извор соопшти за „Известија“ дека ни аеродромите во Сочи и Анапа немаат доволно слотови.

„Дефицитот на слотови на аеродромите на црноморските летувалишта е очигледен. На пример, ако бараме промена на времето на полетување или слетување кај постојните летови, аеродромите не можат да ги потврдат бараните термини“, ја коментира ситуацијата компанијата Red Wings.