Руски полицаец запроси девојка на утринско постројување и доби овации од колегите (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во рускиот град Пит Јах (Ханти-Мансијски автономен округ) еден припадник на полицијата со букет цвеќе во рацете и на колена ја запроси избраничката на своето срце за време на утринското постројување, соопшти на својот инстаграм-профил регионалната управа на МВР.

Како што се наведува во соопштението, вообичаеното утринско постројување се претвори за истражниот судија во Пит Јах Евгенија Буденкова во гламурозно изненадување за паметење.

Соопштението е придружено со видео на кое полицаец клекнат на едно колено со букет цвеќе проси девојка. Нејзиното прифаќање беше дочекано со овации и честитки од колегите.