Проектот за склучување брак на познати постојки за јавен превоз беше инициран од институциите на Комплекс на социјалниот развој на Москва и Канцеларијата за сообраќај на Москва. Ова го соопшти Анастасија Ракова, заменик-градоначалник на Москва задолжена за социјален развој:
Северниот речен терминал на брегот на Химкинското акумулационо езеро.
Роман Денисов/Global Look Press„Од 2019 година во Москва интензивно се развива проектот за регистрација на брак на најубавите и најнеобичните места во главниот град. Вили, историски поседи, видиковци и други градски објекти сега се локации за официјалната свечена церемонија на склучување брак. За две години над 13000 млади луѓе склучија брак на овие необични места. Списокот со тие локации постојано се пополнува, а оваа година решивме да започнеме нов проект, во рамките на кој ќе може да се склучи брак на познати сообраќајни постојки. Веќе годинава, првите бракови ќе бидат регистрирани на Северниот речен терминал и на метро-станицата „Мајаковска“.
На прашањето која станица на московското метро е најромантична, жителите на главниот град на Русија одговорија во анкета дека станицата „Мајаковска“ е најпогодна за прва љубов и бакнежи. Свечените церемонии на склучување брак ќе се вршат ноќе за во текот на денот да не го попречува протокот на патници.
Станицата на московското метро „Мајаковска“
Константин Кокошкин/Global Look PressОд денес можат да се поднесат пријавите за склучување брак ноќта на 21 август 2021 година, а тоа е најпопуларниот „свадбен датум“ во тековната година. Истото важи и за ноќта на 12 септември и на 21 ноември 2021 година. Терминот за регистрација на брак во метрото се пријавува лично во Палатата за брак бр. 1 („Дворец бракосочетания“).
На Северниот речен терминал претходно се одржа една церемонија на склучување брак. На отворањето на реновираната станица, на Денот на градот, беше извршена венчавка на пар кој непосредно има врска со реставрацијата на станицата и речната флота. По венчавката, невестата и младоженецот прошетаа по реновираното пристаниште, каде што незаборавен впечаток остава неповторливиот градски простор со парк и кејовите за прошетка.
Првата свечена церемонија на сезоната на венчавки во 2021 година е планирана за убав датум, 17 јули 2021 година. Достапни се и термините 07.08.21, 21.08.21 и 25.09.21. Пријавата за склучување брак на Северниот речен терминал може да се поднесе лично во Палатата за брак бр. 1.
Во главниот град на младите кои сакаат да стапат во брак им се достапни над 30 необични локации. Соодветната локација може да се избере на веб-сајтот на проектот „Нови адреси на среќата“ на порталот mos.ru. Таму се објавени фотографии и детален опис на секоја локација, визуелен приказ на картата на Москва и достапните датуми, како и инструкции за поднесување пријава.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче