Новиот парк во населбата Биберово на североистокот од Москва, отворен во 2019 година, како да е специјално направен за вечерни прошетки. Кога ќе зајде сонцето, во паркот се пали необично осветлување на големите нишалки, лакови и патеки, па обичниот сквер се претвора во волшебна шума. По целиот парк се распоредени клупи во облик на кугли, ѕвезди, цилиндри, кои исто така навечер светат.
Уште еден убав парк во станбена населба на северот на Москва, кој навечер изгледа фантастично. Сета убавина на ова место е во огромните четириаголни лакови, премините во стилот на модерната кои навечер светат со силнa бела светлина неколку метри наоколу. Тука сигурно нема да се изгубите!
Едно од најпопуларните места во престолнината, паркот Зарјадје, наспроти Кремљ, изгледа особено свечено во вечерните часови. Светлата на „лебдечкиот мост“ и покривите на амфитеатрите се гледаат од неколку стотици метри оддалеченост. Елегантно осветлување добија и езерата и патеките и тревниците. Што може да биде поромантично од осветлениот брег на реката Москва со поглед на облакодер на Котељническиот кеј.
Деловниот центар на руската престолнина навечер станува популарно место за прошетка. На Пресненскиот кеј отворени се кафулиња и ресторани, а на подножјето на облакодерите можете да видите нов јавен простор: амфитеатар на повеќе нивоа и светлечка музичка фонтана, која работи во текот на целата година.
Жителите на најзелениот дел од Москва (и најоддалечениот од центарот) навечер шетаат по парк осветлен со каскадни фонтани, чии млазови достигнуваат до 8 метри височина. А, пешачкиот мост над водата во мрак изгледа како отсјај на месечината.
Меѓу станбените згради на југозападот на Москва скриено е шеталиште со детски игралишта и разнобојни шари на патеките. Тука исто така можете да се нишате на нишалка во облик на месечина!
Доколку сакате да видите како изгледа Сончевиот систем, не мора да одите во планетариум. Во паркот Сокољники на истокот на Москва можете да видите реалистични макети на планетите кои навечер изгледаат особено ефектно. Сите ѕвезди и орбити се осветлени со различни бои и ги обележуваат патеките за шетање.
А, немојте да ја заобиколите алејата на лаковите недалеку од главниот влез. Ова е најдоброто место за селфи со пријателите!
Прстенот булевари во Москва со осветлени дрвја, канделабри од ковано железо и луминисцентни лакови е идеално место за долги прошетки низ градот. Прстенот е составен од 10 булевари со вкупна должина од 9 километри кои минуваат низ најубавите делови од центарот на Москва. Тие водат покрај старите московски куќи во кои некогаш живееле познати актери и писатели. На голем дел од нив се наоѓаат меморијални табли.
Ноќната прошетка покрај зградите со убава архитектура е задоволство кое со ништо не може да се спореди. Тука редовно се одржуваат панаѓури и градски манифестации. Особено е убаво, секако, назима, кога дрвјата и патеките сe украсени.
За оваа статија се користени материјали од сајтот на програмата на градоначалникот на Москва „Мој рајон“ кој работи на рамномерни услови за развој на градските населби.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче