Германци во посета на Крим: „Најубавиот мост во Европа!“

Кримски мост
Виктор Трипел, шеф на 25-члената делегација германски граѓани кои престојуваат на Крим од 22 мај, не го криеше своето воодушевување од рускиот градежен потфат, прекрасниот мост преку Керченскиот теснец, како и од федералниот автопат „Таврида“ што води до него.

„Во својот живот двапати имам учествувано во изградба на мостови. Иако многу патувам по Европската Унија, можам слободно да кажам дека ваква фасцинантна градба каква што е Кримскиот мост никогаш порано немам видено. Се работи за сериозна, масивна, цврста градба. Мостот навистина постои, многу е убави и квалитетно направен. Воопшто немате чувство дека се возите преку мост, туку се чини како да се работи едноставно за продолжение на кримскиот автопат („Таврида“)“, изјави Трипел, пренесува новинската агенција РИА „Новости“.

Шефот на германската делегација истакна дека многу комфорно дошол од Симферопол до Кримскиот мост по автопатот „Таврида“.

Сепак, нешто не му беше најјасно – ограничувањето на брзината. „По вакви патишта во Германија не се вози со толку мала брзина“, истакна Трипел.

„Кримскиот мост“ ги спои полуостровот Крим и Краснодарскиот крај. Долг 19 километри, стана најголемиот мост не само во Русија, туку и во Европа. Патната делница беше свечено отворена на 15 мај 2018 година, а првите патнички автомобили и автобуси го поминаа мостот наредниот ден.

Претседателот на Русија Владимир Путин го пушти во промет железничкиот мост во декември 2019 година патувајќи во кабината на машиновозачот од Керч до Тамањ. Првите возови на полуостровот од остатокот на Русија тргнаа кон крајот на 2019 година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња