Путин ја отвори железничката делница на Кримскиот мост (ВИДЕО)

Скриншот / youtube Комсомольская Правда
Претседателот на Русија Владимир Путин свечено ја отвори за сообраќај железничката делница на Кримскиот мост, пренесуваат руските медиуми.

Шефот на руската држава тргна со возот од Керч до Таман, придружуван од градителите на мостот, со кои се задржа во краток разговор.  

Инаку, првиот патнички воз од Санкт Петербург за Севастопол тргнува денеска, додека композицијата од Москва за Симферопол ќе тргне утре.

Билетите беа пуштени во продажба на 8 ноември и до крајот на месецот беа распродадени. Со своите 19 км должина, Кримскиот мост е најголем во Русија. Чинеше 228 милиони рубли.

Патниот дел на мостот беше официјално отворен кон средината на мај минатата година од рускиот претседател Владимир Путин, кој со камион „Камаз“ ја предводеше колоната возила вклучени во изградбата на мостот, со кои тој беше и тестиран.

Прочитајте повеќе: Завршен Кримскиот мост!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња