Путин се потсети како неговата мајка работела ноќе

kremlin.ru
„И мајка ми беше принудена да се занимава со наједноставна работа, работеше како болничарка ноќна смена, само за да може да ме чува”, рече рускиот претседател.

Претседателот на Русија Владимир Путин во рамките на онлајн-конференцијата со многудетните семејства изјави дека неговата мајка работела како болничарка ноќе за да можела дење да се грижи за својот мал син.

Семејството Кањшин од Благовешченск, со кое претседателот разговараше на состанокот преку видео-конференција, има девет деца. Мајката Олга работи како чистачка. Путин претпостави дека тоа го прави за да може „да се грижи за децата, да има повеќе слободно време“.

„И мајка ми беше принудена да се занимава со наједноставна работа, работеше како болничарка ноќна смена, само за да може да ме чува”, рече рускиот претседател.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња