„Со вашиот пример ги инспирирате другите. Убеден сум дека многу млади луѓе гледајќи ве вас мечтаат за семејства со толку деца. И меѓу моите блиски пријатели такви семејства. Тоа е навистина прекрасно, затоа што семејството во кое има многу деца е темелот на иднината на Русија. Продолжение на нашата илјадагодишна историја како земја, како нација, како обединет народ“, рече Путин во текот на онлајн-средбата со семејствата одликувани со орденот „Родителска слава“.
Детскиот омбудсман Ана Кузнецова на состанокот со Путин ден претходно изјави дека бројот на семејства со повеќе деца расте, како и дека има сé повеќе деца во таквите семејства, така што може да се каже дека речиси една петтина деца во Русија растат во многудетни семејства.