Експлозив еквивалентен на 4,5 тони тротил: На Крим уништени бомби од Втората светска војна (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Стручњаци на Министерството за вонредни состојби на РФ уништија на Крим 37 експлозивни направи од времето на Втората светска војна. Муницијата е пронајдена на подрачјето на Керченската тврдина. Вкупната маса на експлозивот беше еквивалентна на 4400 килограми тротил. Најголема беше нагазна мина тешка 100 килограми.