Според него, Црквата ќе помогне детето да се воспита и да се исправи на нозе, а исто така нема да ги спречува средбите на детето со мајката.
„Напротив, ќе правиме сè за да го зацврстиме вашето семејство, дури и да е нецелосно, но тоа има вредност и пред Бога и во однос на целата наша земја“, рече патријархот Кирил во видео обраќањето до учесниците на Општоцрковниот конгрес за социјално служење, објавено на јутјуб-каналот на Руската православна црква.
Tatiana Morozova / Global Look Press
Поглаварот на црквата им се заблагодари на сите што го поддржаа предлогот за формирање кризни центри за жени во тешка животна ситуација.
„Црквата е постојан сведок на страшниот проблем, проблемот со абортусот. Ние сме голема земја, потребно ни е да нé има повеќе. И не постои поефикасна шанса да се влијае врз демографијата отколку радикално да се намали бројот на абортуси. Црквата повикува на тоа“, изјави тој.
Патријархот истакна дека државата треба да вложи напор во решавањето на ова „суштинско прашање за зачувување на народот“.
Elena Sikorskaya / Global Look Press
Најголемиот форум на РПЦ на полето на добротворството – Општоцрковниот конгрес за социјално служење – беше отворен во Москва во четвртокот, 13 мај. На конгресот ќе бидат изведени заклучоци и разгледани перспективите за хуманитарна работа во Русија, а исто така ќе стане збор и за улогата на Црквата во развојот на социјалната сфера. Покрај тоа, на средбата ќе бидат разгледани прашањата на демографијата и превенцијата на абортусот, развојот на палијативната помош и сестринската грижа за тешко болните.