Путин даде осум гола на натпревар на Ноќната хокеарска лига во Сочи (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Владимир Путин учествуваше во гала-мечот на десеттиот Серуски фестивал на Ноќната хокеарска лига (НХЛ) во Сочи.

Рускиот претседател излезе на мразот во црвен дрес со број 11 и даде осум гола. Заедно со шефот на руската држава играа познатите хокеари Вјачеслав Фетисов, Павел Буре и Александар Могиљни. Екипата на „Легендите на хокејот“, за која играше Путин, ја совлада екипата на НХЛ со резултат 13:9. Ноќната хокеарска лига е основана 2011 година на иницијатива на Владимир Путин и оттогаш стана водечка организација за аматерски спорт во Русија.