Во масовен спуст во костими за капење во ски-центар во Русија учествуваа рекорден број луѓе (ФОТО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На фестивалот GrelkaFest во Кузбас во Русија беше срушен рекордот според бројот на учесници во масовен скијачки спуст во костими за капење. Погледнете ја галеријата жешки фотографии направени во популарниот скијачки центар Шерегеш!

Нов рекорд според бројот на скијачи кои учествувале во масовен спус во костими за капење беше забележан на 17 април. Тој ден по снежната падина на планината Зелена се соблекоа и на скии и сноу-борд се спуштија 1772 учесници во настанот.

Претходниот рекорд беше поставен во април 2019 година, кога во масовен спуст учествуваа 1761 лице.

Самото одржување на фестивалот и спустот по падината во костими за капење преставува голем настан за организаторите, бидејќи само пред една година настанот беше откажан поради пандемијата.

„Видовме колку се зажелеаја луѓето за вакви настани. Во прилог на тоа зборува бројот на скијачи кои се појавија на стартот“, рече директорот на фестивалот GrelkaFest Никита Гирин.

Оваа година на фестивалот GrelkaFest учествуваа само ентузијасти од руските региони. Многумина се најдоа во Шерегеш за прв пат.

Посебно внимание беше посветено на безбедноста на учесниците во атрактивниот настан.

За учество во спустот во костими за капење пријавувањето се одвиваше онлајн.

За танц и забава беа организирани две бини.