Мечка за малку ќе спречела руска подморница да исплива од под мразот на Арктикот

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерот за одбрана на РФ и претседател на Руското географско друштво Сергеј Шојгу на седницата на Покровителскиот совет на оваа организација раскажа интересна случка поврзана со неодамнешното испловување на три руски подморници од под арктичкиот мраз на вежбите „Умка 2021“, инаку маневар единствен во историјата на Руската морнарица.

На вежбите мразот спектакуларно го пробија и испловија од под него истовремено три руски нуклеарни подморници.

Како што нагласи министерот, местата на кои требало да испливаат подморниците се обележано со колчиња со знаменца. „Едно од тие знаменца фиксирала мечка, долго време одејќи околу него. Моравме да го избркаме, затоа што подморницата оздола мораше да исплива, а мечката стоеше токму на тоа место. Тие таму јадат, се чувствуваат многу слободно“, рече претседателот на Руското географско друштво.

Шојгу додаде дека подморницата на крајот го пробила мразот токму на местото на кое било предвидено тоа. Токму тоа колче се најде на кабината, рече тој.

Дебелината на мразот што го скршија подморниците беше метар и половина. Тие испливаа на подрачје во радиус од само 300 метри. Експедицијата почна на 20 март со учество на Руското географско друштво на подрачјето на Земјата на Франц Јозеф, островот Земјата на Александра и соседната акваторија покриени со дебел мраз.