На прашањето кога жителите на Русија ќе можат да ги симнат маските, Онишченко одговори: „Никогаш!“
„По повод коронавирусот веќе се изјаснив. Ние секоја пролет и есен имаме грип. Поради грипот исто така нема да носите маски? Маските мораат да станат составен дел на нашата култура и во тоа нема ништо страшно“, рече Онишченко.
Тој додаде дека интензитетот на епидемијата на Ковид-19 во главниот град веројатно би бил помал да не е метрото.
„Доколку го немаме метрото во Москва, интензитетот на епидемиолошкиот процес веројатно би бил помал. Но, ако се возиме со метро со маски на лицето, ќе го неутрализираме овој негативен фактор“, истакна Онишченко.