На Русите им ја соопштија непријатната вистина: „Маските ќе останат засекогаш“

Xinhua/Global Look Press
Жителите на Русија секогаш ќе носат маски. Тие мора да станат дел од културата, изјави пратеникот во Државната Дума, академик на РАН и поранешен главен санитарен лекар на Русија Генадиј Онишченко.

На прашањето кога жителите на Русија ќе можат да ги симнат маските, Онишченко одговори: „Никогаш!“

„По повод коронавирусот веќе се изјаснив. Ние секоја пролет и есен имаме грип. Поради грипот исто така нема да носите маски? Маските мораат да станат составен дел на нашата култура и во тоа нема ништо страшно“, рече Онишченко. 

Тој додаде дека интензитетот на епидемијата на Ковид-19 во главниот град веројатно би бил помал да не е метрото.  

„Доколку го немаме метрото во Москва, интензитетот на епидемиолошкиот процес веројатно би бил помал. Но, ако се возиме со метро со маски на лицето, ќе го неутрализираме овој негативен фактор“, истакна Онишченко.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња