Се разбуди вулканот Кључевскаја сопка на Камчатка (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Корисниците на интернетот објавија видеоснимки од ерупцијата на вулканот Кључевскаја сопка на Камчатка.

Сеизмолозите регистрираа исфрлање на вулкански бомби со големина  30-50 сантиметри. Според регионалните вулканолози, ерупцијата би можела да претставува потенцијална опасност за населението, затоа што лавата се спушта директно во ледникот Ерна.

Последната ерупција на вулканот Кључевскаја сопка се случи во февруари оваа година.