Братот на Фјодор Емелјаненко го „испи“ мерцедесот што му го подари Кадиров

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Рускиот ММА-борец Александар Емелјаненко (брат на познатиот Фјодор Емелјаненко) го изгуби на облог мерцедесот што му го подари претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров. Ова го соопшти менаџерот на овој спортист Азамат Бостанов во интервју за „Спорт-Експрес“.

Бостанов изјави дека Емелјаненко со обложил со претседателот на боречкиот клуб „Ахмат“ Абузајд Висмурадов дека ќе престане да пие, инаку ќе му го даде автомобилот. „Тој си го одржа зборот, иако автомобилот вреди најмалку три милиони рубли (34 илјади евра). За мене таквиот облог би бил одличен поттик. Но, за Александар... Како што гледате, неговата желба не може да се скроти“, истакна Висмурадов.

Емелјаненко се обложи со Висмурадов во февруари минатата година. Спортистот вети дека ќе го остави пиењето година дена. Притоа истакна дека ќе му даде на Висмурадов еден од автомобилите што му ги подари претседателот на Чеченија доколку не издржи цела година.  

Емелјаненко нема борба од летото 2020 година. Во јули изгуби борба од сонародникот Магомед Исмаилов. Во кариерата борецот во тешка категорија има 28 победи, од кои 20 со нокаут, и 8 порази. Уште една негова борба заврши нерешено.