Во Санкт Петербург откриен споменик на лекарите кои починаа за време на пандемијата

Во Петроградскиот округ на Санкт Петербург, на кејот на реката Карповка, откриен е споменик во чест на здравствените работници кои починаа во текот на пандемијата на коронавирус.

Станува збор за бронзена скулптура наречена „Тажниот ангел“. Автор на делото е петербуршкиот уметник Роман Шустров, кој почина од коронавирус на 14 мај 2020 година. На свеченото откривање на споменикот присуствуваа вдовицата на скулпторот Марија Касјаненко, началникот на Петроградскиот округ Иван Громов и губернаторот на Санкт Петербург Александар Беглов.

Во Санкт Петербург во април 2020 година на улицата „Малаја Садоваја“ се појави спонтано настанат меморијал „Ѕид на сеќавањето“ на кој беа поставени портрети на лекари кои починаа од коронавирус. Тој беше демонтиран во ноември, но властите ветија дека ќе постават нов постојан споменик.

Претходно беше објавено дека свеченото откривање на споменикот „Тажниот ангел“ ќе се одржи на 4 март. Според  заменикот на Законодавно собрание на Санкт Петербург Борис Вишневски, церемонијата е одржана во тајност на 3 март за да може самиот губернатор да го открие споменикот, без активистите кои го иницираа неговото подигање. Вишневски рече дека вдовицата на скулпторот била на измама поканета на церемонијата ден порано.

Активистката Ирина Маслова ја нарече ненадејната промена на датумот на свеченоста „не многу машки чин“. „Не можам да го коментирам непримерното однесување на официјалното лице задолжено за градот. Но, ќе упатам апел до претседателот дека овој губернатор не е достоен за нашиот град и дека бараме да биде сменет од функцијата поради губењето на довербата на граѓаните“, изјави Маслова за „Фонтанка“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња