Атрактивни снимки од кревање во воздух на мраз на река во близина на Москва

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руското Министерство за одбрана објави видеоснимка од минирање на мраз на реката Иневка во Московската област, преземено заради заштита на населените места од поплава. Воените инженери на тенковските трупи на Западниот воен округ изведоа три прецизни експлозии за да ја разбијат блокадата на завојот на реката. За да расчистат канал широк речиси еден километар на стручњаците им беа потребни околу 200 килограми експлозив.